Словачка: Тајкун ослободен од обвинување за убиство на новинар и неговата сопруга

Фото: EPA-EFE/JAKUB GAVLAK

Судот во Словачка го ослободи од обвинение тајкунот Маријан Кочнер дека го наредил убиството на истражувачкиот новинар Јан Кучиак и неговата свршеничка, јавува „Би-Би-Си“.

Убиството на новинарот предизвика масовни протести во Словачка што резултираа со паѓање на владата на тогашниот премиер Роберт Фиц.

За учество во убиството во април оваа година беше осуден поранешниот војник Мирослав Марчек на казна затвор од 23 години.

Но, одлуката на судот за Кочнер е донесена по заклучокот дека Обвинителството не успеало да доказе дека тајкунот и третообвинетиот во предметот го нарачале убиството. Ослободителните пресуди за нив се објавени денеска во Пезинок, град северно од словачката престолнина Братислава, додека Обвинителството најави жалба на одлуката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот