Словачка се солидаризира со Чешка и протерува руски дипломати

Тројца вработени во руската амбасада во Братислава треба да ја напуштат Словачка во рок од една недела во согласност со ситуацијата во Чешка, соопшти словачкиот премиер Едуард Хегер.

– Во согласност со моменталната геополитичка состојба, како и ситуацијата во Чешка, тројца вработени во руската Амбасада во Братислава мора да ја напуштат територијата на Словачка во рок од седум дена, изјави Хегер пред новинари во Братислава.

Москва реагираше велејќи дека е разочарана од одлуката на Братислава, додавајќи дека за нејзиниот одговор нема да се чека долго.

Прага протера 18 вработени во руската Амбасада поради наводната улога на Русија во експлозија во магацин со оружје во 2014 година во која загинаа две лица. Како реципрочна мерка, Москва врати назад 20 чешки дипломати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот