Словачка ќе бара изземање од ембаргото на ЕУ за руската нафта

Словачка/ Фото EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Претставници во Брисел изјавија дека извршната власт на ЕУ може да ги поштеди Словачка и Унгарија од ембаргото за купување руска нафта, со оглед на зависноста на двете земји од руските енегренси нафта.

Словачка ја добиваше речиси целата своја увезена нафта од Русија, главно преку нафтоводот Дружба од времето на Советскиот Сојуз, а земјата според најавите поседува резерви за околу 120 дена.
Единствената рафинерија за нафта е Словнафт, која е дел од унгарската групација МОЛ.

„Доколку има одобрено ембарго на руската нафта како дел од дополнителниот пакет санкции против Русија, тогаш Словачка ќе побара изземање“, соопшти словачкото министерство, пренесува Фена.

Од Министерството изјавија дека преработката на различни видови нафта не е можна веднаш и дека промената на технологијата е финансиски захтевна и одзема многу време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот