Словачка ќе ги тестира сите граѓани постари од 10 години

Словачка планира да ги тестира сите граѓани на возраст над 10 години за коронавирусот во следните два викенда, соопшти премиерот Игор Матович на денешната прес-конференција, додавајќи дека тоа е проект кој владата го подготвувала последните три недели.

Сè уште не е јасно дали ваквото национално тестирање ќе биде задолжително или доброволно.

Тестирањето на целото население, како што објасни Матович, е со цел да го открие вистинскиот број на заболени лица во земјата.

Медицинско лице мери темепратура во Словачка/ Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Децата помали од 10 години нема да мора да бидат тестирани, рече словачкиот премиер објаснувајќи дека одлуката е донесена врз основа на совети на педијатри.

Словачка има околу 5,5 милиони жители, а тестирањето ќе биде организирано слично како избори, така што ќе има околу 6.000 пунктови во земјата каде што ќе работат седумчлени тимови. 

Прочитајте и...  Филипче: Полициски час не е трајно решение, ако мерките не се почитуваат пак ќе има раст на бројките

Поврзани вести

Со лесни симптоми и во самоизолација: Лидерот на косовската опозиција Албин Курти е позитивен на ковид-19

Слободен печат

Томан: Цврсто верувам дека до крајот на годината ќе се најде решение за почеток на преговорите со ЕУ

Марина Дамческа

Нов лидер по стапката на заразени со ковид-19 на 100.000 жители во ЕУ: Белгија ја потисна Чешка од врвот

Слободен печат

Сите здравствени работници ќе бидат наградени, Владата издвои 54 милиони денари за нив

Слободен печат

(ФОТО): Остра осуда од Турција на карикатурата на Ердоган во „Шарли Ебдо“

Слободен печат

ВИДЕО | Шахпаска: Борба против дискриминацијата- еднакви права и слободи на сите граѓани

Слободен печат

Остави Коментар