Словачка е втора членка на ЕУ која почна вакцинација со „Спутник В“

Фото: EPA-EFE/MIGUEL GUTIERREZ

Словачка е втора држава во Европската унија што почна со имунизација со руската вакцина „Спутник В“, која се уште не е одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА).

Словачка ја одобри вакцината на 26 мај и има на располагање 200.000 дози.

Досега само 5.000 луѓе се пријавија за „Спутник В“, а првата земја на ЕУ што го одобри тоа беше Унгарија. Тајната набавка на руската вакцина во Словачка предизвика политичка криза во март, што резултираше со пад на владата.

Словачка се уште користи вакцини од „Фајзер“, „Модерна“ и „Астра-Зенека“, сите одобрени од ЕМА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот