Словачка бара помош од ЕУ поради трагичната состојба во земјата

epa08997162 Slovak Republic Minister of Foreign and European Affairs Ivan Korcok and Serbia's Foreign Minister Nikola Selakovic (not pictured) address the media after their meeting in Belgrade, Serbia, 08 February 2021. Minister Korcok is on a one day state visit to Serbia. EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Словачкиот министер за надворешни работи  Иван Корчок ги повика партнерите во ЕУ однапред да ги испратат набавените вакцини, бидејќи земјата се наоѓа во „трагична” ситуација со коронавирус со рекорден број случаи.

Во Словачка има околу 100 смртни случаи на ден, што е најмногу во светот во однос на населението на неделно ниво.

Од вчера, Словачка има 3.672 пациенти во болница со потврден коронавирус.

Иван Корчок, пред состанокот на министрите за надворешни работи во Брисел, изјави дека ќе ги информира своите колеги за сериозната, па дури и трагична ситуација со која мора да се справи Братислава.

– Ќе им се обратам, за да ги замолам, ако имаат вакцини што не ги користат во моментов, да ни ги достават, додаде тој.

Според Корчок, тоа би бил многу добар знак за соработка на ниво на ЕУ

– Целосно сум свесен дека има недостиг на вакцини и во други земји, но на Словачка во моментов и се најпотребни, нагласи министерот.

Преку механизмот за цивилна заштита на ЕУ, Словачка побара 10 лекари и 25 медицински сестри.

од странство.

Во земјата се регистрирани 6.577 смртни случаи од Ковид-19. До крајот на минатата недела, 272.341 лице биле вакцинирани со најмалку една доза, нешто над просекот на Европската унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот