Слободен влез за натпреварите на македонските одбојкари и одбојкарки против Белгија и Летонија

фото: Одбојкарска федерација на Македонија

Денеска најдобрата македонска машка одбојкарска репрезентација ќе го игра вториот натпревар од Европската златна лига, противник е селекцијата на Белгија.

Овој меч ќе се игра од 20.15 часот во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје, а влезот е бесплатен за сите љубители на одбојката и спортот.

Играчите предводени од Јошко Миленкоски ги повикуваат фановите да дојдат во што поголем број, да ја дадат потребната поддршка во обидот да се оствари првата победа во натпреварувањето.

Потсетување дека во првото коло во групата „Б“, нашите одбојкари загубија во полскиот град Лоѓ од Украина со 3:0, а Белгијците дома со 3:1 ја надиграа Хрватска.

Имаме двојна одбојкарска програма во нашата најголема спортска сала, бидејќи претходно од 17.30 часот во Европската сребрена лига својот втор меч ќе го има нашата женска сениорска одбојкарска репрезентација.

Ривал на избраничките на селекторот Стефан Пауновиќ е Летонија, влезот и за овој натпревар е бесплатен.

Во групата „А“ во првото коло нашата селекција претрпе пораз на домашен терен со 0:3 од Австрија, а летонските одбојкарки беа совладани на гости кај Естонија (3:1).

Миленкоски пред Белгија: Играме против силни противници, но имаме квалитет да бидеме конкурентни

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот