Актуелно

00:03 ВИДЕО: Барса во финалето на Кралскиот куп го чека Енис Барди!

00:00 ООН: Во Мјанмар денес беа убиени 38 лица и тоа е…

23:42 Снимка со дрон ги покажува сите последици од разорниот земјотрес во…

23:38 ВИДЕО: Лондонската магла ги „проголта“ шампионските амбиции на Манчестер јунајтед!

23:09 Средба на руски Сухој и два американски бомбардера над Балтикот

  • Macedonian
  • Albanian
  • Serbian
  • Turkish
  • Bulgarian
  • Greek
  • English
FacebookTwitterInstagramYoutube

Слободен печат

  • Насловна
  • Вести
    • Македонија
    • Скопје
    • Регион
    • Свет
    • Економија
    • Култура
    • Хроника
  • Магазин
    • Семејство
    • Жена
    • Забава
    • Филм и музика
    • Автомагазин
    • Технологија
    • Сцена
    • Храна
    • Ретро
    • Хороскоп
    • Еспресо
  • Колумни
  • Спорт
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Останатo
  • Здравје
  • СП Неделник
  • Слободна.тв
  • Ваши финансии
Слободен печат

СЛОБОДЕН УДАР: „Непринципиелна коалиција“ против Тупурковски

од Милорад Стојмановски27/11/2019 - 07:4527/11/2019 - 11:400
Сподели0

Македонскиот спорт доби шлаканица од Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) каква што не се памети: на „обвинителна клупа“ во Лозана беа повикани владини и претставници на Македонскиот олимписки комитет (МОК). На состанокот се донесени заклучоци со препораки до нашите спортски авторитети за изготвување ново спортско законодавство што ќе биде целосно во согласност со принципите на олимпиското движење. До крајот на годинава треба да се потпише Меморандум за разбирање меѓу македонската Влада од една страна, и националните федерации и МОК од друга, врз основа на „референтен документ на ИОК“. Федерациите и МОК ќе треба да ги усогласат своите статути со оние на соодветните меѓународни асоцијации, односно со тој на ИОК.

Препораките се само барање за имплементација на Резолуција на ОН за автономија на ИОК и на спортот, подоцна прифатена и од највисоките тела на ЕУ. Иако МОК неколку години по ред бара од Агенцијата за млади и спорт (АМС) оваа резолуција да добие и конкретна форма во нашето законодавство, не наидуваше на одзив од другата страна. Директорот на АМС, Дарко Каевски, кому „не му беше јасно што треба да се менува“ во Законот, не отиде на состанокот во ИОК за да му се разјасни дека најдоцна до мај 2020 треба да се  хармонизира законската регулатива во областа на спортот, а до 15 јануари да се подготви драфт-верзија на изменетиот закон, со вметнати препораки од ИОК.

„Петта симфонија“ на Томас Бах

Најважно од сè е што е избегната суспензијата на македонскиот спорт. На средбата ѝ претходеше предупредување во кое претседателот на ИОК, Томас Бах, не бираше зборови – „суспензија или повлекување на признавањето на соодветниот олимпискиот комитет“. Тоа ќе значеше ракометните сениори да си останат дома за време на ЕП, а борачот со олимписка норма, Магомедгаџи Нуров, ќе ги гледаше Игрите во Токио на ТВ.

Прочитајте и...  Бродот што тоне на академик Коцарев

Со заклучоците, МОК доби и заштита од ИОК по иницијативата на 26 федерации за вонредно собрание. ИОК иницијативата ја прогласи за мртвороденче и ги повика незадоволните своите барања да ги поднесат на редовно годишно Собрание на МОК. Самата формулација на иницијативата – за „уредување на односите во МОК!? (Кои односи? Меѓучовечките во самиот МОК? Односите меѓу телата на МОК? Односите со федерациите?), укажуваше на нејзината недореченост. Настрана што меѓу „бунтовниците“ немаше такви што можат да се пофалат со особени спортски резултати. Пошироката јавност воопшто не ни знае дека кај нас постојат и федерации, на пример, за бадминтон и спортско качување. Да се работеше за личности што на некој начин го задолжиле македонскиот спорт, иницијативата ќе добиеше сосема поинаков одек. Федерациите со најголем број клубови – фудбалската, ракометната, кошаркарската… останаа индиферентни кон оваа иницијатива. Претходно имаше уште еден неуспешен обид за преврат во МОК, за време на владеењето на Никола Груевски, кога регистрацијата на МОК ја спореа исти федерации што беа поддржувачи на т.н. „Тврдокорни“, чин што беше грубо мешање на политиката во спортот, недозволиво според олимписката повелба.

АМС немо ја следеше иницијативата за вонредно собрание, без да излезе со став. За познавачите чудна е таа премолчена „непринципиелна коалиција“ (синтагма препознатлива за првиот човек на МОК, Васил Тупурковски, од периодот на распадот на Југославија), затоа што дел од иницијаторите, барем „до вчера“, припаѓаа на другата политичка провениенција.

Прочитајте и...  Се моли Софија да не им отежнува на овдешните Бугари

Владината агенција за време на режимот ја предводеа, главно, млади партиски кадри, кои подоцна беа унапредувани во пратеници, министри, конзули и директори на јавни претпријатија. Никогаш не се издигна (па дури и кога имавме и Министерство за спорт) во вистински сервис на спортот. Спортистите и федерациите, пак, како и самите да ја одбираа улогата на љубовница на политиката поради финансиската зависност, односно поради неспособноста сами да создадат квалитетен спортски производ што сами ќе го продадат на пазарот.

Ваучери, штрајкови, коалициски пазарења, Бадентер…

Принципот на селективност при доделувањето ваучери (нов начин на финансирање во спортот) „само за елитните“, односно за прволигашите, поттикна штрајк и бојкот кај запоставените клубови и обвинувања од гимнастичката федерација за матни работи при доделувањето. Иако се најде соломонско решение со давање ваучери и на второлигаши во „најголемите спортови“, останаа шпекулациите за коалициски пазарења при поделбата на спортскиот колач, кои не беа демантирани. Токму новиот начин на финансирање на спортот можеби е скриениот мотив за барање промени во МОК, зашто претседателот на МОК по функција, покрај владин претставник и претседателите на петте најголеми спортски федерации, ќе треба да одлучуваат за доделувањето на ваучерите. Исто така, претстои и изградба на Олимписки дом, всушност јавно приватно партнерство, вредно 50-ина милиони евра. Според проектот, покрај олимпискиот дом треба да никнат и деловни објекти.

Прочитајте и...  Лесни чекори кон здрава исхрана: Повеќе простор за зеленчукот и овошјето на вашата трпеза

И МОК доби налог од ИОК за промена на Статутот. Во иднина, клучниот збор во Собранието на МОК, највисокиот орган на македонскиот олимпизам, треба да го имаат делегатите што ги претставуваат националните федерации. Тоа беше едно од барањата на иницијаторите за промени, што веројатно ги задоволи нивните апетити, зашто го прифатија т.н. Патоказ од ИОК. Во Собранието на МОК можеби ќе се воведе нешто слично на Бадентеровиот принцип, по кој се одлучува во Парламентот за да се испочитува препораката од ИОК.

Државата мора одлучно да ја искористи оваа шанса за реновирање на спортот во земјава. МОК, според Законот, е највисок спортски орган во земјава, иако никогаш немал таква улога. Од формирањето нема добиено ниту денар од државата која не му ја прифати ниту понудената стратегија за спорт, изготвена од врвни стручњаци. МОК заслужува поголеми ингеренции (по примерот на Хрватска), пред сè, поради неговата досегашна декларирана независност и нефлертување со партиите на власт.

Ваква спортска легислатива досега им одговараше на партиите за да можат да манипулираат со спортот и спортистите во политички цели. Лошите навики за себепромоција на партиските кадри и приеми на медалисти во кој главна улога наместо спортистот има премиерот или директорот на АМС, треба да стане плусквамперфект. Впрочем, на тоа сме се обврзале како членка на ОН и земја кандидат за членство во ЕУ.

ви препорачувамеколумнимилорад стојмановскиспорттупурковски
Сподели0

Видео на денот

Најчитани

  • Маж хоспитализиран со ковид-19 во Струга, се вратил од патување во Занзибар, Африка
  • Profimedia Жељко Бебек открива: Го напуштив „Бијело дугме“ бидејќи не сакав да пеам „рамна ти е Југославија“
  • ФОТО | Миа Костова брутално искрена: Ролката ми е од Зара, а сакото од Бит пазар – Стил имаш или немаш, Шанел не те спасува
  • Д-р Даниловски предупредува: Нѐ очекува епидемија на хронични заболувања и ментални болести
  • ВИДЕО: Се шокирала кога видела што се шета во пакетот со облека кој го нарачала од интернет
  • Пановски: Британскиот сој на вирусот полесно се шири, граѓаните да не се опуштаат и да носат сертифицирани маски
  • Ќе никне ли комплекс без идеја, без ентитет и далеку од размерите во секаква смисла во строгиот центар на Скопје?
  • Николоски „држи банка“ во ВМРО-ДПМНЕ за да прави штети
  • „Лидл” отвора супермаркет во Северна Македонија
previous post
По спроведувањето на Брегзит, главен приоритет на ЕУ ќе биде трговски договор меѓу Брисел и Лондон
next post
Агенцијата за храна и ветерина ќе го тестира системот за справување со африканска свинска чума

Поврзани вести

Лесни чекори кон здрава исхрана: Повеќе простор за зеленчукот и овошјето на вашата трпеза

Слободен печат03/03/2021 - 20:4003/03/2021 - 17:40

Бродот што тоне на академик Коцарев

Ерол Ризаов03/03/2021 - 09:1002/03/2021 - 21:17

За чии интереси работи Љупчо Коцарев?

С.Р.02/03/2021 - 12:3302/03/2021 - 13:07

Вистина за невистината

Мендо Димовски28/02/2021 - 10:1428/02/2021 - 00:17

Во одбрана на Асномскиот аперион

Александар Литовски28/02/2021 - 08:5328/02/2021 - 00:12

Рингишпилот во нашата глава

Вељко Лалиќ/ Недељник27/02/2021 - 19:1027/02/2021 - 16:13

Остави Коментар Cancel Reply

Save my name, email, and website in this browser for the next time I comment.

НАЈНОВО

ВИДЕО: Барса во финалето на Кралскиот куп го чека Енис Барди!

Слободен печат04/03/2021 - 00:03
04/03/2021 - 00:030

ООН: Во Мјанмар денес беа убиени 38 лица и тоа е „најсмртоносниот“...

Илинка Иљоска04/03/2021 - 00:00
04/03/2021 - 00:000

Снимка со дрон ги покажува сите последици од разорниот земјотрес во Грција

Илинка Иљоска03/03/2021 - 23:42
03/03/2021 - 23:420

ВИДЕО: Лондонската магла ги „проголта“ шампионските амбиции на Манчестер јунајтед!

Слободен печат03/03/2021 - 23:38
03/03/2021 - 23:380

Средба на руски Сухој и два американски бомбардера над Балтикот

Слободен печат03/03/2021 - 23:0903/03/2021 - 23:11
03/03/2021 - 23:0903/03/2021 - 23:110

ВИДЕО: Цел меч за Несторовски на „Сан Сиро“, Милан до бод во...

Слободен печат03/03/2021 - 23:0203/03/2021 - 23:02
03/03/2021 - 23:0203/03/2021 - 23:020

ФОТО: Емили Ратајковски позира гола во 36-та недела во бременоста

Слободен печат03/03/2021 - 23:0003/03/2021 - 21:45
03/03/2021 - 23:0003/03/2021 - 21:450

Критички извештај на Стејт департментот: Организираниот криминал во Албанија пере пари и...

Слободен печат03/03/2021 - 22:50
03/03/2021 - 22:500

Спутник V стана „јаболко на раздорот“ во словачката влада

Слободен печат03/03/2021 - 22:48
03/03/2021 - 22:480

Интерпол: Во Кина и Јужна Африка запленети стотици лажни вакцини против ковид-19

Слободен печат03/03/2021 - 22:4003/03/2021 - 22:45
03/03/2021 - 22:4003/03/2021 - 22:450

ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ

Коронавирусот ја зголеми и потрошувачката на вода

Елена Вељановска03/03/2021 - 22:3503/03/2021 - 22:44
03/03/2021 - 22:3503/03/2021 - 22:440

И Црна Гора ја тресе афера „Мајбах“ – набавени две луксузни возила,...

Слободен печат03/03/2021 - 22:0003/03/2021 - 22:45
03/03/2021 - 22:0003/03/2021 - 22:450

Зошто пратеникот Апасиев не се фали дека добил државен проект за заштита...

Слободен печат03/03/2021 - 21:1803/03/2021 - 22:46
03/03/2021 - 21:1803/03/2021 - 22:460

ВИДЕО: Граѓаните масовно ги враќаат членските книшки и одат на терапија –...

Слободен печат03/03/2021 - 21:0103/03/2021 - 22:46
03/03/2021 - 21:0103/03/2021 - 22:460

Мицкоски: Заев е мафијаш и нема да се спаси од паѓање од...

Весна Тодоровска03/03/2021 - 18:4403/03/2021 - 18:55
03/03/2021 - 18:4403/03/2021 - 18:550

ВИДЕО | Се попишуваат бездомните лица: Сонуваат дека еден ден ќе имаат...

Елизабета Дамјаноска-Спасеновска03/03/2021 - 15:1703/03/2021 - 15:58
03/03/2021 - 15:1703/03/2021 - 15:580

ВИДЕО | Д-р Каревски: Нашите студенти не знаат дека правиме операции со...

Михаило Донев03/03/2021 - 14:1403/03/2021 - 16:02
03/03/2021 - 14:1403/03/2021 - 16:020

Симовски за СП: На пописот Бугарите може слободно да се изјаснат

Соња Христовска Угриновска03/03/2021 - 13:4803/03/2021 - 13:55
03/03/2021 - 13:4803/03/2021 - 13:550

На општините им е поважен бизнисот од УНЕСКО статусот

Југослава Дуковска03/03/2021 - 13:0603/03/2021 - 13:16
03/03/2021 - 13:0603/03/2021 - 13:160

Поскапеа дел од цигарите од 5 до 10 денари, ќе поскапат и...

Весна Дамчевска03/03/2021 - 12:3003/03/2021 - 12:57
03/03/2021 - 12:3003/03/2021 - 12:570
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за преземање содржини
  • Испратете ни ја вашата приказна

Регистрирај се и читај го печатеното издание онлајн

Кликнете на копчето подолу и одберете го идеалниот пакет за вас

@2019 - All Right Reserved.
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за преземање содржини
  • Испратете ни ја вашата приказна
Слободен печат
FacebookTwitterInstagramYoutube
  • Насловна
  • Вести
    • Македонија
    • Скопје
    • Регион
    • Свет
    • Економија
    • Култура
    • Хроника
  • Магазин
    • Семејство
    • Жена
    • Забава
    • Филм и музика
    • Автомагазин
    • Технологија
    • Сцена
    • Храна
    • Ретро
    • Хороскоп
    • Еспресо
  • Колумни
  • Спорт
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Останатo
  • Здравје
  • СП Неделник
  • Слободна.тв
  • Ваши финансии