СЛОБОДЕН УДАР: Не го сакаат Ноле, бидејќи им го уби Бамби

Фото: Слободен печат

„Се плашам дека публиката ќе ме замрази бидејќи јас сум човекот што го уби Бамби“, оваа изјава своевремено ја даде американскиот тенисер Енди Родик, кој го победи сонародникот Андре Агаси во неговиот последен натпревар.

Веројатно затоа и Новак Ѓоковиќ не е омилениот тенисер во светот, иако во последните 10 години е практично без конкуренција во „белиот спорт“. Тој е човекот кој го урна митот за „најдобриот на сите времиња“, за „суперменот“ за „генијалецот“, за Роџер Федерер.

Тенисот е благодорднички спорт, за кој тесно е поврзана елитата. Истата елита која се чувствуваше како неоспорен победник во Студената војна и која поверува во будалаштините на Френсис Фукујама за „крајот на историјата“ и настапувањето на епохата во која повеќе ќе нема војни и конкфликти, а светот ќе се контролира од механизмите на пазарот – понудата и побарувачката.

Федерер извонредно се вклопи во приказната. Секогаш пристоен, секогаш одмерен, силен, но со блага природа. Политика не го интересира, но дава големи пари во хуманитарни цели, амбасадор е на УНИЦЕФ, насмеан, а доколку имате закажано интервју со него тогаш и ќе ви одвои половина час од своето време. Не го бива за земјени терени, па затоа и ривалитетот со Рафа Надал експресно беше прогласен за „најголемиот во историјата“.

И на среде бајка се појавува едно слабо и неугледно момче, од земја која повеќе и не постои и од еден регион десеткуван од граѓанска војна и поделен на реоните на „народите и народностите“. Некој „Новак Ѕоковиц“, од онаа Европа, за која Европејците би биле пресреќни да се наоѓа во Азија, а Американците се сигурни дека е дел од Африка.

Затоа на Централниот терен во Вимблдон во неделата, освен малубројните роднини и пријатели на Ѓоковиќ, целиот стадион громогласно навиваше за Швајцарецот. За Новак навиваа во Белград, Скопје, Подгорица, но и во Загреб и Сараево. А ако можеме да им веруваме на зборовите на покојниот фудбалски великан од Косово, Фадиљ Вокри, за Ѓоковиќ се „умира“ и во Приштина.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот