„Слободен печат“: Во оваа форма, францускиот предлог за нас е неприфатлив!

Пeчaтеното издание на „Слободен печат“ донесува:

 

Хроника

Македонскиот премиер по завршувањето на самитот ЕУ-Западен Балкан: Во оваа форма, францускиот предлог за нас е неприфатлив!

– Граѓаните да бидат спокојни, ние во прв план ги имаме стратегиските интереси и цели. Никој не може без наша согласност да наметне какво било решение. Ние направивме сè што е во наша можност, сега ЕУ е на потег, рече Ковачевски.

 

 

По изјавата на премиерот Ковачевски во Брисел: Паднаа сценаријата за уривање на Владата

– Малите партии, коалициски партнери во власта, постојано се закануваа дека ќе ја напуштат Владата ако Ковачевски го прифати францускиот предлог.

 

 

Вонредни избори за советници во најголемата полошка општина: Ќе ги зближи ли Тетово опозициските Алијанса, БЕСА со ВМРО-ДПМНЕ?

ДИК Советот на Општината е распуштен од Владата, па Државната изборна комисија ги закажа вонредните избори за Советот на Општината за 20 август.

 

 

СУГС „Орце Николов“ Многу мал процент од петкашите го потврдија својот успех на тестирањето: „Инфлацијата“ од петки го му пиша единица на образованието

-Образованието ни е во континуиран пад. Системот првенствено ја девалвира наставничката струка и продуцира ученици лишени од применливо знаење, изгубени во хаотичните лавиринти од реформи што не се базираат на реалните состојби и потреби на образовниот систем, велат соговорниците на „Слободен печат“ по последните случувања во скопската гимназија.

 

Економија

Истражување на пазарот на недвижности: Македонците масовно инвестираат во станови, цените нема да се намалат

– Растот на цените е предизвикан од две групи фактори. Едната е драстичниот раст на цените на градежните материјали, а другата е поради растот на побарувачката, така што сега имаме избалансираност на пазарот, покажуваат анализите на „Фортон Македонија“

 

Свет

Бугарскиот парламент изгласа недоверба со тесно мнозинство: Владата падна, Петков пак ќе ја крева

– Петков најави дека предлозите за нови министри ќе ги објави откако претседателот Румен Радев повторно ќе ѝ го додели мандатот на партијата Промените продолжуваат

 

Скопје

Детските градинки имаат капацитет да ги примат најмалите карпошани: Јакимовски: Ќе има слободно место за сите дечиња од Карпош во градинките

– Како што информираат од Општина Карпош, вкупниот број примени деца се искачил на 336 нови дечиња од Карпош, кои станале дел од воспитниот процес во градинките на територија на локалната самоуправа.

 

Спорт

Тимур Дибиров, ракометар на РК Вардар 1961, по исклучувањето на црвено-црните од Лигата на шампионите: Каде одиш, Вардаре?

-Играчите се разочарани и во неизвесност по суспензијата наметната од ЕХФ и чекаат договор со управата за да знаат што понатаму. Му се заканува ли на Вардар суспензија и од домашната сцена откако изгуби право на учество во ЛШ?   

 

Мозаик

Ед Ширан го доби случајот на суд, стана побогат за речиси 1 милион фунти

– Британскиот поп-музичар во вторникот доби повеќе од милион евра отштета по победата во правната битка против авторите што го обвинија за плагијат. Случајот во високиот суд во Лондон, 31-годишниот музичар го добил на почетокот на април, по процесот што тој го нарече индикатор за лоши практики што ја поткопуваат музичката индустрија.

 

Утре специјален прилог за ТВ и филм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот