„СЛОБОДЕН ПЕЧАТ“ во Лос Анџелес: Америка „дрма“, се разбира! (ФОТО)

Ќе се евакуирате ли до утре наутро?, ја прашаа новинарите д-р Луси Џонс, сеизмолог од Калифорнија, по земјотресот со магнитуда од 7.1 што рано утрово по средноевропско време го погоди Риџкрест, во САД, на што таа одговори – сигурно не!

Ваквото прашање до неа беше упатено по најсилниот потрес во последните 20 години во трусната Калифорнија. Таа потврди дека долгото мирување на тлото било причината за ваквата магнитуда. Притоа најави неколку т.н. афтер шокови со силина од над 5 и 6 степени.

Нејзиниот авторитетен настап не оставаше простор за паника, но кабловски тетелевизии сепак даваа упаства како да се однесуваме во случај на потрес: подгответе вода и храна за три дена, радио и батериска ламба, лекови и (?!) чевли за да не се исечете од скршени стакла по пдот.

Додека во живо ги следевме пресовите, хотелскиот персонал ни турна соопштение под вратата во собата за земјотресот и дека нема потреба од евакуација. Велат најлесно ќе уплашите некого ако му кажете дека нема простор за паника, иако др Џонс кажа дека 8 – 9 отсто има можност да се повтори сличен потрес во наредните 6 дена. Брзо падна интерна одлука -планираната посета на студиото на Јуниверзал се откажува.

И бе зтоа Лос Анџелес има многу што да понуди за туристите. Ако прошетате по булеварот Холивуд, на пример, туристички агенти ве опсипуваат со двочасовна тура со шатл пославните Беверли Хилс, Сансетбулевар, Мелроузплејс и фотографирање на куќите на Џек Николсон, Том Круз, Опра Винфри, Бритни Спирс. Кејти Пери и други ѕвезди од филмот и естрадата.

Иако ѕвездите наславната Walk of Fame неможете да   ги прочитате одбројните улични забавувачи во костими на Елвис, Мајкл Џексон, Спајдермен и други, сепак, петочното зајдисонце со ништо не најавуваше дека вечерта оброќе затресе.

Фрлачот на топчето на бејзбол мечот на Доџерс не знаеше зо што промашил додека му се поместувало тлото, за разлика од присутните 50.000 на стадионот кои почувствуваа нишање под своите нозе. Речиси и да немаше паника, освен кај оние на кои првпат им се случува вакво искуство.

Лос Анџелес и викендов ќе продолжи да живее опуштено, и покрај најавите дека ќе се чувствуваат афте ршоковите во наредните една до две недели. Тоа не е причина да не ја симнеме апликацијата наменета за жителите на “градот на ангелите” која 48 секунди пред потрес поголем од 5 степени ги предупредува корисниците да се засолнат, да усклулат струја, гас, вода…

И после Америка “дрма”. Па, дрма, се разбира.

Текст и фотографии: Милорад Стојмановски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот