„СЛОБОДЕН ПЕЧАТ“ ВО АЛБАНИЈА: Сцени од кои ќе ви се насолзат очите (ФОТО+ВИДЕО)
Нашиот фоторепортер Арбнора Мемети денеска беше во најпогодените региони од земјотресот во Албанија, градовите Драч и Тумоне каде насекаде имаше урнатини и загрижени лица.
Во Тумоне кој беше разурнат можеше да се забележат многу уплашени жители, како и албанскиот премиер Еди Рама, кој се обидуваше да ги увери граѓаните дека се ќе биде во ред.
Во Драч исто така можеше да се забележи голема штета. Спасувачките екипи и полицијата, придружени од граѓаните и во долгите вечерни часови се обидуваа да пронајдат и да спасат што повеќе луѓе.
Според последните информации земјотресите во Албанија одземаа најмалку 20 животи, додека речиси 600 лица се повредени.