„Слободен печат“ Ви ја честита Новата 2021 година

epaselect epa08907015 People walk through a seasonally decorated main square with a large numbers for the upcoming year 2021 during the pandemic of SARS-CoV-2 coronavirus in Skopje, Republic of North Macedonia on 27 December 2020. Macedonians are preparing to celebrate New Year's Eve on 31 December and Christmas which is observed on 07 January, according to the Orthodox Julian calendar. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Тимот на „Слободен печат“ Ви посакува среќна и успешна 2021 година!

Годината што помина покажа колку е кревко здравјето но и здравствениот систем и како еден вирус го клекна на колена човештвото па оттаму и желбата за добро здравје е првата честитка која оваа ноќ ќе си ја посакаат сите нашите сограѓани.

Влегуваме во 2021 година со надеж дека поголем дел од проблемите ќе бидат решени уште во првите неколку месеци и животот ќе се врати во нормален колосек. Престои вакцинација, по избор со која би се заштитиле ранливите групи граѓани, возрасните како и здравствените работници што секако ќе го ширењето на смртоносниот вирус кој во Македонија досега однесе 2.503 животи.

Во моментов 19.379 граѓани се борат со коронавирусот, а ноќва покрај дел од нив во болничките капацитети ќе ја поминат стотина медицински работници за кои новогодишната ноќ е само редовно дежурство. Да им посакаме побрзо закрепнување на пациентите и помалку работа на здравствените работници како и голема благодарност и поддршка за целиот изминат период и нивното несебично залагање да се спасат што е можно повеќе животи.

Пред нас како граѓани се предизвиците да продолжиме да се однесуваме одговорно и да го чуваме здравјето и да ги заштитиме блиските како и целата заедница.

Пред државните институции уште поголеми предизвиците како справување со корона кризата, закрепнување на целокупната економија, заживување на најпогодените гранки како туризмот и угостителството, грижа за ранливите групи на граѓани, борба со невработеноста, сиромаштијата, корупцијата, загадувањето…

Корона пандемијата ги покажа сите слабости на здравствениот систем, а се отворија и нови фронтови како справување со образованието на децата во новонастанатите околности, растечка невработеност и затворање на цели економски сектори.

На политички план очекуваме конечен почеток на пристапните преговори со Европската унија и решавање на отворените политички прашања кои стојат на патот кон долгорочната и сѐ уште неостварена цел.

Како новинари кои ја уживаат довербата на граѓаните ќе продолжиме да работиме напорно и да ги следиме сите политички, економски и општествени процеси и ќе продолжиме да известуваме одговорно, точно и навремено како и секогаш.

„Слободен печат“ преку електронското, печатеното и видео изданието и во новата година ќе ве информира за сите актуелни случувања во државата, регионот и светот, професионално и објективно.

Ви благодариме за довербата и нека ни биде среќна и успешна годината!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот