„Слободен печат“ продолжува да „лови“ (не)урбана опрема: Клупи со птичји измет, освен пред Уставен, затекнавме и кај Беко

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

„Слободен печат“ продолжува да ги „лови“ уништените клупи и тротоари низ Скопје. Со цел да ги поттикнеме локалните власти да се фатат за работа, и да го дотераат Скопје, како што личи за една метропола, се упативме на неколку локации. Еве што затекнавме.

Клупите кај Беко полицијата
патека пред црква Пресвета Богородица
Патеката пред Кривичен и Граѓански суд

Го прашавме таткото на Градот, Петре Шилегов, зошто се забележува отсуство на службите за одржување на јавните површини.

– Може да има определени места каде што состојбата на јавниот простор не е во онаква кондиција, во каква што веројатно би требало да биде. Меѓутоа, ние и да сакаме, не можеме да стигнеме насекаде да вршиме контрола. Не се тоа состојби кои се случиле во последнава една или две години, туку од порано. Мора да се направи систем со кој ќе се одржуваат јавните простори – нѝ одговори Шилегов.

Патеката кај МНР

И после три години поминати од Шарената револуција, на објектот на Уставен суд се уште се забележуваат траги од боите. Од судот вчера во допис за „Слободен печат“ информираа дека наскоро ќе биде отстранета бојата.

„Во однос на оштетениот влез, во тек сме на преговори за негово чистење од нанесената боја“, велат од Судот.

Уставен суд

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот