„Слободен печат“: Пратениците никако да стават точка на секојдневниот неред

Пeчaтеното издание на „Слободен печат“ донесува:

 

Хроника

Собраниските инциденти не запираат, прераснаа во физички пресметки: Пратениците никако да стават точка на секојдневниот неред

-Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања (КЕП), Арбр Адеми од ДУИ, со филџан, тацни и пластични шишиња фрлаше по колегите од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците, откако го испровоцираа тргајќи му го микрофонот кога сакаше да ја затвори дискусијата со донесување на дневниот ред.

 

Премиерот Ковачевски одговори на прозивките: Разговори со Софија има, напредок – нема!

– Комуникација Ковачевски рече дека тимовите од двете Министерства за надворешни работи и овие денови комуницираат, со што одговори на обвинувања од опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека се водат тајни преговори во Софија.

 

Високите температури опасни за здравјето: Жешкиот бран ги вжешти телефоните на Брзата помош

– Од 80 до 120 повици дневно се реализираат во зависност од денот, на другите што се јавуваат им помагаме со совети. Високите температури влијаат врз секој организам и никој не знае што носи во себе – велат во Итната медицинска помош.

 

Економија

Среде лето шок за претстојната грејна сезона: Граѓаните изгорени од цената на пелетите, купуваат машини сами да ги прават

– Домаќинствата што затоплуваат по 100 квадратни метри со пелети, велат дека месечно уште лани плаќале по 24.000 денари, а сега пресметките покажуваат дека за загревање ќе им треба и над 30.000 денари.

 

Скопје

Центарци со куп проблеми за кои со години нема решение: Се бара простор за монтажна гаража за паркинг-место повеќе во Дебар Маало

– Советниците од „Шанса за Центар“ заедно со жители од Дебар Маало, поднесоа претставка до Општина Центар во која укажуваат дека жителите во многу наврати, и индивидуално и организирано, поднесувале петиции до надлежните реагирајќи на незаконски поставената урбана опрема, бучавата и на проблемот со паркирањето.

 

Спорт

На Вимблдон Србинот постави уште еден рекорд: Ѓоковиќ единствен со 80 победи на сите грен-слем турнири

–  По победата во првото коло, Новак стана единствениот во овој спорт, во машка и во женска конкуренција, кој има по 80 или повеќе победи на секој од четирите грен-слем турнири. Вчера претпладне беше неизвесно дали Новак ќе продолжи во второто коло откако неговиот тренинг-партнер Чилиќ се откажа од настап, затоа што беше позитивен на ковид-19

 

Moзаик

Интервју со „Фанк шуи“: Велика Британија е училиште за сè и сешто и беспрекорна бомба од будност спремна за препознавање

– „По толку години посветеност кон бендот, на моменти беше многу

нормално што свириме пред таа публика, а на моменти нереално“, ни вели Михаил.

 

Каде е денес девојчето од една од највпечатливите фотографии на светот: Нејзините очи сè уште светат

– Шарбат Гула за време на советската окупација на Авганистан ја напуштила својата татковина со својата баба, браќа и сестри и се упатила во соседен Пакистан каде што биле примени во еден бегалски камп.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот