„Слободен печат“: Нема врата, рамки од сите страни

Во богатото печатено викенд-издание на „Слободен печат“ ќе можете да прочитате:

 

Хроника

Европска заедница – нова можност или стара замка: Македонија треба да се најде во новата чекалница за ЕУ?   

-Шанса Македонија не треба да ја игнорира идејата на францускиот претседател Макрон за формирање „Европска геополитичка заедница“, која претставува надополнување, а не алтернатива на процесот на пристапување во ЕУ, сметаат домашните познавачи на состојбите.

Еврокомесарот оствари средби со бугарскиот врв: Вархељи пак ќе се врати во Софија за да ги разубедува

Работиме на заемно прифатливо решение за да можеме да ги започнеме преговорите со РС Македонија и со Албанија со одржување меѓувладина конференција во јуни“, напиша на Твитер еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Оливер Вархељи по одржаните средби со Радев, Петков и Генчовска.

 

Економија

Хигиената станува луксуз: Полудеа цените на тоалетната хартија

Драстичен скок на цената на целулозата, амбалажата, транспортот, струјата и гасот, се влезните компоненти што значително ги зголемија цените на тоалетната хартија

 

Свет

Последица од војната во Украина и големите долгови: Шри Ланка остана без пари, гориво и храна: Ќе умреме од глад!

Бесцелно е да ви говорам колку е тежок животот. Не знам како ќе издржиме и два месеца. За тоа време веројатно нема да бидеме тука, изјавила за Ројтерс продавачка во Коломбо.

Први контрамерки на Москва на експанзијата на НАТО: Финска веќе нема да добива руски гас

– Финската дистрибутивна компанија „Гасум“ ги извести корисниците дека ќе обезбеди гас од други извори преку гасоводот „Балтикконектор“

 

Скопје

 

Голем дефект ја „пресуши“ водата во Драчево и околните населби

Граѓаните беа револтирани поради фактот што толку долго трае отстранувањето на дефектот и на социјалните мрежи апелираа да се пуштат повеќе цистерни затоа што, според нив, оние што веќе кружеле низ населбите биле малку.

 

Спорт

 

Привршуваат подготовките на одбојкарската репрезентација на Македонија:

Павличевиќ: Одбојкарите ќе играат најдобро кога ќе биде најпотребно

– Одбојкарите ги одработуваат последните тренинзи пред настапот во Европската сребрена лига. На единствените две контроли, Македонија оствари половичен резултат, победа и пораз против Албанија.

 

Мозаик

Интервју со Билјана Клекачкоска, воскресија на филигранството:  Што е тоа што го тера пештерскиот човек од пред 75.000 години да се накити?


Мојот предизвик е секојпат да си играм, да преиспитувам, да откривам нови лица или, да речеме, нови фасети на еден скапоцен камен.

 

Утре и специјален прилог на осум страници „Културен печат“

 

Интервју со Емил Алексиев, куратор на изложбата на ликовниот уметник Димитар Кондовски

Кондовски остави неизбришлив, длабок и траен белег во времето

 

Разговор со Тина Иванов, директорка на Филхармонија

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот