„Слободен печат“ неколку дена по ред е цел на континуирани и добро организирани напади

Почитувани читатели на „Слободен печат“, ве известуваме дека во последните неколку дена (почнувајќи од четвртокот) нашата веб страница е цел на константни и добро организирани напади кои се насочени кон нашиот централен сервер со седиште во Франција. На серверот се наоѓа исклучиво веб сајтот на Слободен печат, поради што немаме дилеми дека нападите се директно насочени кон нас.

Вака почнаа нападите врз Слободен печат во четвртокот (08.04.2021)

Слободен печат и досега се соочувал со разни напади кои се карактеризирале како „редовни“ и кои траеле еден ден, но овие напади се најсилните досега и се во континуитет. Според анализата на експертите кои го одржуваат нашиот главен сервер во Франција, станува збор за добро организирани и платени напади кои се регистрирани, односно доаѓаат од сервери лоцирани во две азиски и една европска држава. Нарачателите на нападите засега не ни се познати.

Експертскиот тим на Слободен печат прави максимални напори да ги оневозможи овие напади и се надеваме дека ќе ги надминеме во најскоро можно време.

Им се извинуваме на нашите читатели за сите потешкотии со кои се соочуваат во обидот да ги прочитаат содржините на Слободен печат. Ние и понатаму ве инфомираме редовно за сите новости и актуелности.

Со почит,

Ана Анастасовска, одговорен уредник на веб сајтот Слободен печат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот