„СЛОБОДЕН ПЕЧАТ“ НА ГРЕБЕЊЕ ГРЕПКИ СО ЃУРЃА: Таа е родена да добива

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Откако вчера објавивме за среќната добитничка на бројни награди на Државата лотарија на Македонија, екипата на „Слободен Печат”, тргна да ја пронајде Ѓурѓа Горгиева од Старо Коњаре.

Пристигнавме во струмичкото Ново Село каде го пронајдовме уплатното место во кое тетка Ѓурѓа често купува грепки. Таму ни кажаа дека ја познаваат и дека таа често доаѓа и купува грепки кај нив.

Се упативме кон селото Старо Коњаре кое се наоѓа на 3 километри од граничниот премин Ново Село-Златарево да ја пронајдеме госпоѓата Горгиева.

Уште на самиот влез од селото можевме да забележиме преубави куќи, за кои дознавме дека повеќето се на луѓе кои живеат во странство.

На средсело најдовме неколку од жителите на ова село и во разговор со нив дознавме каде живее тетка Ѓурѓа. Пред семејната куќа на Горгиеви ја најдовме госпоѓа Ѓурѓа со нејзиниот сопруг кои се подготвуваа да излезат, но сепак одлучија да разговараат пред камерата на „Слободен печат“.

Ѓурѓа не прими во својот дом и ни раскажа како таа започнала да ги игра игрите на среќа. Инаку и таа е повратник со сопругот од Швајцарија каде живееле 30-тина години, каде пред 3 години и била откриена Паркинсова болест, по што решила со сопругот да се врати во Македонија.

– Една од причините поради која започнав да гребам грепки е токму мојата болест, а покрај терапијата, и грепките ми помагаат да ја контролирам – ни рече Ѓурѓа.

Разговорот со Ѓурѓа погледнете го во продолжение.

На крајот од разговорот таа не испрати од својот дом, а екипата на „Слободен печат“ и посака многу здравје пред се и уште повеќе среќа во игрите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот