„СЛОБОДЕН ПЕЧАТ“ НА ЕП: И да врне и да вее, во Букурешт песна ќе се пее

epa09265621 North Macedonian players attend a training session at Steaua Bucharest stadium in Bucharest, Romania, 12 June 2021. North Macedonia training was postponed and moved to another stadium after a heavy rain hit the National Arena stadium. North Macedonia will face Austria in their UEFA EURO 2020 group C preliminary round soccer match on 13 June 2021. EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

Дожд ги пречека навивачите што денеска пристигнаа во Романија, а ако продолжи да паѓа како што беше случај вчера, условите веројатно ќе бидат мошне тешки за игра.

Од нашиот специјален известувач:
Милорад Стојманoвски

Дожд ги пречека навивачите што денеска со директна авионска линија пристигнаа во Букурешт, каде вечерва, од 18 часот, ќе играат Македонија и Австрија, на Националната арена.
Тоа сепак не го наруши доброто расположение меѓу навивачите, кои уште во авионот ги пееја познатите навивачки песни, облечени во препознатливите црвени дресови, а песната и навивачките рекзвизите подоцна можеа да се слушнат и во центарот на градот.

EPA-EFE/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Добрите домаќини уште по слетувањето на сите патници им доделија алки со кои сопствениците на билети за натпреварот имаат бесплатен превоз во градот.  Сите беа нетрпеливи да им се придружат на преостантите фанови кои со автомобили или со чартер-лет пристигнаа претходните денови. Речиси и да нема навивач кој не верува во успех во македонските “рисови“, чекајќи со нетрпение мечот да започне.

Во автобусот наменет за новинарите, меѓу колегите веќе почнаа прогнозите со каков состав ќе истрча Македонија на своето историски деби на евопрските првенства. Претпоставка е дека селекторот Игор Ангеловски ќе настапи со формацијата 3-5-2, со која ѝ се спротивстави на Словенија, на претпоследниот контролем натпревар во Скопје, кој заврши 1-1. Единствената дилема е дали Енис Барди, кој мораше да биде 10 дена во изолација поради позитивен ковид-тест, ќе настапи од почетокот на натпреваот или ќе влезе како резерва.

Според новинарските прогнози, Бобан Николов или Стефан Ристовски ќе бидат во задната линија покрај центалните бекови Висар Муслиу и Дарко Велковски, а преостанатиот дел од средниот ред би го сочинувале Адеми, Алиоски, Елмас, Барди (Костадинов), и во нападот Пандев и Трајковски.

За австрискиот состав се верува дека од почетокот нема да игра најискусниот напаѓач Арнаутовиќ, а најголемата ѕвезда во тимот Алаба, веројатно ќе биде  поистурен во средниот ред како бек-крило. Австрискиот селектор Фодо очекува да бидат доминантни, со поглоем посед на топката, но потенцираше дека треба да внимаваат на играта на Македонија од транзиција и од прекин.

Теренот се очекува да биде влажен и лизгав поради дождот кој почна да паѓа. Како што е познато, вчера арената „пливаше во вода“, па и тренингот на македонската репрезентација поради тоа мораше да биде поместен за подоцна. Ако и денеска наврнат толку литри на квадратен метар, условите веројатно ќе бидат мошне тешки за игра. Но, како што велат навивачите, и да врне и да вее, во Букурешт песна ќе се пее.

Иако се смета дека лизгавиот терен повеќе им одговара на физички посилните Австријци, дали тоа ќе биде навистина хендикеп за нашите мајстори со топката, ќе видиме на вечерашниот натпревар.

Мотиви не недостигаат, поддршката од трибините, ќе ја имаат, останува само македонските најдобри фудбалери да го дадат својот максимум и со добар почеток и поволен резултат да си го олеснат патот до посакуваното осминафинале, кое беше поставено како остварлива цел од стручниот штаб и играчите уште пред првенството.

Капитенот Горан Пандев ќе го одигра својот 120. меч за Македонија. Не случајно е вброен во најдобриот тим на ветерани во првенството. Во август тој ќе го прослави својот 38. Роденден.

Видео на денот