„Слободен печат“: Историска одлука на Српската православна црква

Во печатеното издание на „Слободен печат“ можете да прочитате:

 

Хроника

Историска одлука на Српската православна црква: СПЦ прифати канонско единство со МПЦ-ОА

-Со воспоставувањето единство на канонски основи и под услови на важење на канонскиот поредок на целото подрачје на Српската православна црква, дијалогот за идниот и евентуално конечниот статус на епархиите во Северна Македонија не само што е можен, туку е и целисходен, легитимен и реален, соопшти СПЦ.

 

ВМРО-ДПМНЕ бара да се преиспита способноста на спикерот да ја врши функцијата: Џафери за пцостите може да добие само јавна опомена

Според актуелните законски решенија, ако пратеник пријави и достави доказ до Комисијата за прекршување на Кодексот, Џафери, најмногу што може, е да добие јавна опомена. Пратениците не можат да ја преиспитуваат неговата способност да ја врши функцијата.

 

Хаос во скопските градинки: Карпош не отстапува, министерствата не постапуваат

-Откако Карпош побара до  10 јуни да се испишат сите деца од градинките што не живеат во таа општина, ќе останат дома 200 деца само од  Ѓорче Петров, каде и онака на 500 деца им треба згрижување. Во Ѓорче Петров немаат кадар, а немаат ни можности за повеќе вработувања.

 

Економија

Професорот Гоце Тасески објаснува како имаме загуба на вода од 70 отсто: Има оштетени водомери, протекувања од цевки, паушални сметки…

-Проблемите допрва доаѓаат – ем се наплаќа само 30 отсто од пуштената вода, ем струјата поскапи. Директорите треба да се оценуваат по тоа дали може да ги намалат загубите, како што тоа се прави во земјите од Западна Европа, вели Тасески

 

Свет

Реакција на агресивното однесување на Русија: И неутралната Швајцарија се приближува кон НАТО

– Паелви Пули, шефица за безбедносна политика во Министерството за одбрана во Берн, објаснува дека „неутралноста не е цел сама по себе, туку е механизам за да се засили безбедноста на Швајцарија“

 

СпортРакомет: Вардар го освои Купот, сезонава доминира над ривалот

Финалето на Купот на Македонија беше уште еден жесток дуел помеѓу големите ривали Вардар и Еурофарм Пелистер, а црвено-црните го одбранија трофејот. Ова беше шести меѓусебен дуел сезонава помеѓу лутите ривали. Скорот е три победи за Вардар, две за Еурофарм Пелистер и едно реми

 

Фељтон: Атентатот во Марсеј, михајловистичката ВМРО и нацистите

 

Мозаик

Музички награди Билборд 2022: Оливија Родриго се закити со седум награди, Канје Вест со шест

-Големата музичка манифестација, музичките награди Билборд, се одржа во неделата, на која во отсуство на најнаградуваните уметници, Оливија Родриго која е на турнеја и Канје Вест кој се справува со менталното здравје, останатите победници славеа со полни раце статуетки.

Принцот Чарлс е најподготвен, принцот Вилијам најпопуларен: Што ќе биде по кралицата Елизабета Втора?

-Бакингемската палата ќе се отвори за туристи, а неактивните членови на кралското семејство ќе мора да си најдат работа, „ролс-ројсот“ и „бентлите“ ќе бидат заменети со електрични автомобили, ова се само дел од хипотезите популарни во јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот