„Слободен печат“ на сите припадници на српската заедница во Македонија им го честита празникот Свети Сава.
Свети Сава беше првиот српски архиепископ, влијателен дипломат, а Српската православна црква го прославува и како свој основач.
Поради својата духовна и просветителска дејност Свети Сава е еден од најзначајните темели на српската национална и културна самобитност, а има и свое место и во верувањата и традицијата на на македонскиот народ.
Ги измируваше Србите со соседните народи, денеска е Свети Сава, архиепископ Српски