„СЛОБОДЕН ПЕЧАТ“ ги поттикна градските власти да ја исчистат фонтаната во парк (ФОТО)

„Слободен печат“ вчера објави дека познатата и култна фонтана во Градскиот парк, позната како „Лотосов цвет“ е во многу лоша состојба, а тоа го покажуваа и фотографиите кои ги објавивме.

Фонтана Лотосов цвет
Фото/ Драган Митрески

Веднаш по нашата објава, денеска забележавме дека градските власти го вклучиле алармот. Екипа на „Слободен печат“ забележа како работници од јавните претпријатија ја чистат фонтаната. Иако ни се заканија дека не смееме да ги фотографираме и објавуваме, ние, сепак, одлучивме да ја објавиме нивната акција, бидејќи фонтаната е на јавна површина и бидејќи сакаме да ја пофалиме нивната ажурност.

Се надеваме дека ќе ги поттикнеме градските власти да го средат и просторот околу фонтаната кој е во очајна состојба. Сепак, фонтаната „Лотосов цвет“ се уште е збирно место за време на летните седенки.

Плато во градски парк
Фото/ Драган Митрески

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот