„Слободен печат“: ЕУ ќе продолжи со проширување на очајот

Во печатеното издание на „Слободен печат“ ќе прочитате:

 

Хроника

Ништо од почеток на преговори до крајот на француското претседателство: ЕУ ќе продолжи со проширување на очајот 

Последен доказ за тоа каде води развојот на настаните е откажувањето на официјалната посета на бугарскиот премиер Кирил Петков на Скопје – планирана за в недела – зашто нема никаков напредок во преговорите.

ВМРО-ДПМНЕ побара комисиска расправа за претседателот на Собранието: Четворица ќе сведочат против Џафери ако Минов закаже седница

Александар Николоски, Гордана Силјановска-Давкова и Олга Лозановска од ВМРО-ДПМНЕ, како и Љупчо Пренџов од Гром, биле присутни во пленарната сала кога Џафери наводно го прекршил етичкиот Кодекс на пратениците.

 

Луксузното село „Радика вилиџ“ сепак нема да се гради: Им пропадна планот – укинат проектот за 87 вили во Маврово!

Архитектонско-урбанистичкиот проект (АУП) со кој се предвидуваше изградба на 87 луксузни вили во срцето на Националниот парк, по налог на Државниот инспекторат за урбанизам е укинат од Општина Маврово-Ростуше, а се бара и одземање на лиценците за работа на планерската фирма што го изработи АУП-от.

Скопскиот Апелациски суд одлучи: Судењето на Рамковски нема да се повтори

Одбиено е барањето на поранешниот сопственик на ТВ „А1“ за повторување на процесот „Пајажина“ во кој тој, негови блиски роднини и соработници беа осудени на повеќегодишни затворски казни

 

 

Економија

Прават економска штета, но го загрозуваат и снабдувањето на другите: Лани ЕВН фатиле 650 крадци на струја, многумина се копачи на криптовалути

Неовластеното преземање електрична енергија претставува кривично дело што се казнува со издржување казна затвор.

 

 Свет

Анкара бара политички отстапки: Долг список услови од Турција за прифаќање на Шведска и Финска во НАТО

 

Анкара бара „разјаснување на пристапот на двете земји кон Курдистанската работничка партија“, која е прогласена во Турција, во САД и во Европската Унија за терористичка организација, и прекинување на активностите на раководството на ПКК во двете нордиски земји.

 

Мозаик

Емотивна приказна со среќен крај: Мајка и ќерка се сретнале за првпат по 80 години

Герда Кол го добила најпосебниот подарок што можела да го побара за својот 98-ми роденден – можноста повторно да се соедини со својата ќерка.

 

Меј Маск на 74 години гордо позира во костими за капење

Таа е најстарата жена што ја краси насловната страница на годишното издание на „Спортс илустрејтед“ и има многу важна порака за жените во целиот свет

  

Трибина

Утре и проширено издание на рубриката Трибина, со нашите редовни колумнисти Мирослав Грчев, Александар Литовски, Жанета Скерлев, Марин Гавриловски, Бошко Јакшиќ…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот