Слободан Даневски повторно во трката за градоначалник на Свети Николе

Фото: Макфакс

Во трката за градоначалник на Свети Николе на престојните локални избори влегува поранешниот градоначалник во два мандата и поранешен македонски пратеник од редовите на Либералната партија, Слободан Даневски, објави СДК.МК

Од канцеларијата на подрачното одделение на Државната изборна комисија (ДИК) во Свети Николе велат дека Даневски како независен кандидат за релативно кратко време ги собрал потребните 150 потписи.

Истовремено тој добил потписи и за неговата независна советничка листа за Советот на Општина Свети Николе, чиј број е 15 советници.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот