Слободан Бубњевиќ: Антиваксерското оро потсетува на средновековниот танц на смртта

facebook

Новинарот Слободан Бубњевиќ, кој со години е фокусиран на пишување за науката, и уште од самиот почеток ја следи пандемијата на коронавирусот, се осврна на антиваксерските движења во Србија.

Неговата објава на „Фејсбук“ ви ја пренесуваме во целост:

Оро на смртта

Непријатниот, високоризичен обичај да се игра оро околу споменикот на Стефан Немања среде оваа разорна епидемија, организирана од локални антиваксери веќе неколку пати, глумејќи вештерство со некаква народна песна со лакомистички текст, ме потсетува на средновековниот танц Макабре, танцот на смртта. Оваа бизарна претстава (прикажана на сликата) беше широко распространета во католичкиот свет во доцниот среден век, како на ѕидовите на црквите, така и во домовите, како олицетворение на стравот од смртта што владееше со неуките маси и потсетување на секој поединец дека нема слобода во земниот живот кој е смртен, толку безначаен и минлив.

Антиваксерското оро го зборува истиот пагански јазик на проповедниците кои, избезумени, оделе од место до место и застанувале на плоштадите каде што држеле морничави говори пред преплашеното стадо, повикувајќи на смрт како единствен спас.

Денес, тоа е еден волшебен чин – морбиден предизвик што извикува: „Ајде лекари, научници, државо, вируси, на крајот – смрт, дојди, те чекаме со радост!“.

Орото, кое сите го забележавме, се играше на јавен простор како нехристијански ритуал пред споменикот на националниот светец, славејќи ја смртта и болеста, избирајќи омраза и инает наспроти разум и сочувство. Од таа тажна сцена можеме да научиме две работи. Прво, тоа не е шега – изманипулирани или не, очигледно има луѓе меѓу антивакцинистите кои се подготвени да умрат отколку да учествуваат во колективниот отпор на вирусот.

Тоа е пораката што ја испратија, барем јас така ги разбрав. Секако, нивниот став против вакцинацијата произлегува од многу старо, но реално конфликтно општество наспроти граѓанинот и прашањето дали општеството има право да интервенира со имунизација на телото на поединецот за општото добро (иронично, многу прогресивни движења како што се геј движењето, движењето за правото на абортус, правата на жените… настануваат од ист вид на конфликт, иако со значително различни плодови).

Против овој предизвик можеме да се бориме заедно, со понатамошно објаснување, информации, демистификација на невистини, борба за наука и рационалност, но исто така и повикување на единство, солидарност и повисоко ниво на патриотизам за да направиме нешто за заедницата и со вакцинација да им помогнеме на беспомошните кои веројатно би ја изгубиле битката со коронавирусот.

Со должна свест за слободата на говорот и мислењето на секој граѓанин и со добри аргументи мора да се забави понатамошното ширење на глупавата и себична идеологија против вакцините.

Второ, со поставување на нивната макабристичка, но секогаш иста, автентична кореографија, антиваксерите покажуваат дека тие се вистинска, логистички организирана социјална сила, дека имаат свои водачи, стратегии и амбиција да ги надвладеат вредностите на општеството засновени на знаењето и науката, и порано или подоцна, се однесуваат како политичка сила. Со огромна доза на ужас гледам на иднината во која едно формално антинаучно движење ќе биде дел од поредокот,
не помалку загрижен од тоа да видам како маршираат неонацисти. Или уште полошо, како го играат танцот на смртта.

Не можеме да се соочиме со овој предизвик самостојно, туку само преку институциите. Останува на традиционалните политички чинители, како на власта, така и на опозицијата, да одлучат дали ќе флертуваат со ова движење, ќе му помогнат и ќе го искористат или ќе го расклопат и згаснат како сериозна социјална опасност. Со целосна почит кон индивидуалните ставови, самата организација и нејзините водачи антиваксери, кои шират невистини, паника и предизвикуваат општа опасност,
дејствуваат незаконски треба да бидат санкционирани.

Мотивирани од политички цели и лукративност со додатоци и традиционални третмани, тие се закана која не само ќе ја спречи добро организираната вакцинација, туку се закана и дека ќе станат релевантни политички играчи. Скелети кои играат за болеста. И неизбежно, за смртта.

Секако, смртта, на крајот нè чека сите. Прашањето е само дали она што ѝ претходи ќе го потрошиме како луѓе, слободни, разумни и сочувствителни. Или, како темни предвесници на смртта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот