„Слобода за Бритни“: Дали Бритни Спирс ќе остане под старателство на татко?

Бритни Спирс
profimedia

Во изминатиот период на социјалните мрежи сѐ поголем број обожаватели на Бритни Спирс, бараат да ѝ се вратат „одземените“ права од судот. Нејзините фанови и поддржувачи бараат повторно да ѝ се дозволи таа како возрасна личност самата да си одлучува за себе, а не како што е сега, сите одлуки да ги носи нејзиниот татко.

Движењето именувано како „Слобода за Бритни“ на социјалните мрежи се шири со хаштагот #FreeBritney и за многу краток период предизвика големо внимание во јавноста.

Ова движење бара враќање на правото на одлучување на Бритни, која од 2008 година е под старателство на татко ѝ Џејми Спирс, кој од тогаш одлучува за правецот во кој ќе се движи животот на Бритни, располагајќи истовремено и со нејзините финансии.

Сега, по долго време, конечно Џејми Спирс излезе во јавност за да ја каже својата страна од приказната. Тој во интервју за „Њујорк пост“ откри што, всушност, мисли за ваквото движење и нагласи дека работите одамна излегле од контрола.

– Сите овие теоретичари немаат основни познавања. Единствено калифорнискиот суд може да одлучи што е најдобро за мојата ќерка. Токму затоа, никому не треба да му е грижа – смета Џејми.

Тој во интервјуто комплетно ги отфрла обвинувањата дека ја користи целата ситуација за да се збогати и да ги троши заработените пари на Бритни.

– На судот морам да му објаснам каде сум трошел пари. Објаснувам за секој потрошен долар и тоа секоја година. Тоа е страшно. Не сакам таков вид обожаватели. Јас си ја сакам ќерката. Си ги сакам сите мои деца, но треба да биде јасно дека ова е само наша, приватна работа – истакнал Џејми.

Во моментов трае уште еден судски спор, со кој се разгледува можноста дали пејачката ќе може да се грижи самата за себе и да донесува одлуки или, пак, старателството врз неа повторно ќе му биде доделено на татко ѝ.

Но, целата оваа ситуација е отежната поради состојбата со коронавирусот. Последното рочиште се одржа преку апликацијата „Зум“. Следното судење е закажано за 22 август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот