Слики кои ги запалија социјалните мрежи: Верниците во Белград на колена пред црквите (ФОТО)

Фото: Твитер

Празничните денови треба да ги поминеме во мир и молитва, а бидејќи е на сила вонредна состојба во земјата и во регионот, на верниците не им е овозможено да присуствуваат на литургиите.

Луѓе чекаат ред за влез во црквата Св. Недела во Белград, Србија / 17 април 2020 / Фото: EPA-EFE/KOCA SULEJMANOVIC

Сепак, голем број луѓе се забележани во и околу црквите.

Некои од луѓето се забележани како се молат пред црква, а голема бура во јавноста во Србија предизвикаа слики од луѓе кои се молат на колена, пренесува Блиц.рс.

„Спуштањето до земја во нашата вера се практикува само пред Велигден“, пишува еден корисник на Твитер, објавувајќи фотографија од верници кои се молат во црква.

Неколку вакви слики од групи на луѓе кои се молат пред цркви биле забележани во неколку Белград, но и во други градови во Србија.

Коментарите за нив се најразлични, а некои алудираат на тоа дека ваквото молење потсетува на Ислам, додека малкумина од нив констатираа дека моливата на колена се практикува и во православната вера.

Погледнете ги сите фотографии на Блиц.рс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот