Сликата на Пикасо продадена за 103,4 милиони долари за помалку од 20 минути

Сликата на Пабло Пикасо насловена „Woman sitting by a window (Marie-Therese)“ е продадена за 103,4 милиони долари во четвртокот на аукцијата одржана во аукциската куќа „Christie’s“ во Њујорк.
Платното од 1,46 м на 1,14 м, насликано во 1932 година, беше продадено по 19-минутна борба меѓу колекционерите.
View this post on Instagram
Делото, на кое е претставена љубовницата и муза на Пикасо, Мари-Терези Валтер, беше продадено речиси за двојно поголема сума од првичната проценка дадена од аукциската куќа, што беше 55 милиони долари.
Продажбата ја потврдува виталноста на пазарот за уметност, кој всушност не страдаше од пандемијата, но и од посебниот статус на Пабло Пикасо (1881-1973).

Истата слика купил само осум години на продажба во Лондон за 28,6 милиони фунти или околу 44,8 милиони долари, пренесуваат агенциите.