Сликата која нацистите ја украле пронајдена во музеј во Њујорк

Сликата која нацистите ја одземале од еврејско семејство во Германија во 1933 година, пронајдена е во музеј во Њујорк, јавува BBC.

Уметничкото дело наречено „Зима“ го насликал американскиот уметник Гари Мелчерс и било изложено во музејот „Аркел“, а препознаено е во септември.

Пред да ја украдат нацистите, сликата му припаѓала на германско-еврејскиот издавач и филантроп Рудолф Мос. Сликата сега ја чува ФБИ, а ќе биде вратена на семејството Мос.

Сликата „Зима“ Мос ја купил во 1900 година на Уметничката изложба „Големиот Берлин“. Нацистите ја украле заедно со остатокот од колекцијата која му припаѓала на семејството Мос откако пребегнале од Германија.

Во 1934 година ја купил американскиот индустријалец Бартлет Аркел од њујоршката галерија и таа била дел од неговата лична колекција пред да биде преместена во музејот што го носи неговото име.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот