Сликајте се со шампионскиот пехар – Слободен печат
РакометСпорт

Сликајте се со шампионскиот пехар

Фановите на европскиот шампион, од утре и наредните седум денови ќе имаат можност да се сликаат со пехарот кој Вардар го доби за триумфот во Лигата на шампионите.

Поради големиот интерес на фановите но и навивачите, Вардар од 19 јуни па се до 26 јуни организира „Отворен ден“ во кој навивачите ќе можат да се сликаат со пехарот освоен во Келн.

Пехарот ќе биде изложев во внатрешниот дел на СЦ „Јане Сандански“ а сите фанови ќе може да се сликаат покрај него во периодот помеѓу 15 и 20 часот, а од 18 до 20 часот на посетителите ќе им биде на располагање и клупскиот фотограф.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close