Слика од парк стана хит поради милениче кое се крие на неа: Дали можете да го видите? (ФОТО)

Фото: Фејсбук

Фотографија на една жена од Велика Британија стана хит на Фејсбук, откако многумина  се обидуваа да го пронајдат домашното милениче кое се наоѓа на неа.

Таа го фотографирала својот мопс за време на една прошетка, а подоцна сфатила дека тој се камуфлирал во позадина.

Фотографијата е споделена на една група на Фејсбук, каде таа ги предизвикала членовите да го пронајдат нејзиното куче.

„Само за забава. Ставете лајк кога ќе го пронајдете мојот мопс“, пишуваа таа во нејзината објава на социјалните мрежи, која предизвика илјадници реакции.

„Го пронајдов, ова е супер“, „преслатко“, гласат само некои од коментарите.

Колку време ви беше потребно на вас за да го пронајдете кучето на фотографијата?

Фото: Фејсбук

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот