Слика на Винсент Ван Гог продадена на аукција за над 13 милиони евра

Instagram

Една од ретките слики на Винсент Ван Гог, која сè уште е во приватна сопственост „Улична сцена во Монмартр“ беше продадена за над 13 милиони евра на аукција, откако прв пат беше изложена за јавност оваа недела.

Сликата – која се појави по еден век помината во рацете на приватни сопственици која не била изложена во јавноста откако била насликана во 1887 година, достигна цена од 13,091 милиони евра велат од аукциската куќа „Сотби“.

Достигнувајќи цена далеку над проценката од 5-8 милиони евра, од аукциската куќа велат дека ова е рекордна продажна цена за дело на овој уметник во Франција.

Продажбата на сликата беше дел од акуцијата на 33 дела од врвни уметници како Едгар Дега, Рене Магрит, Амедео Модиљани, Паул Кле продадени на аукција емитувана во живо од „Сотби“ во Париз.

Сликата беше повторно понудена на крајот од продажбата во Париз, откако аукциската куќа ја поништи првичната продажба, поради проблеми со наддавањето преку Интернет.

„Улична сцена од Монмартр“ е дел од бројните уметнички дела кои Ван Гог ги насликал во периодот помеѓу 1886 и 1887 година во Париз.

Она што е возбудливо во врска со оваа слика е тоа што станува збор за слика која била скриена од очите на јавноста уште од времето кога уметникот ја завршил. Отсекогаш била дел од приватни колекции, а за неа знаеле само сликарот, сопствениците и нивните пријатели“, вели експерот за Ван Гог, Мартин Бејли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот