Слика на Арсенал која ќе ви ги разубави денот: детето не знаеше кај да оди (ФОТО)

twitter/You Are My Arsenal

Екипата на Арсенал вчера во рамките на 1/16 финалето од Лигата на Европа како гости со 0:1 го совладаа Олимпијакос и направија голем исчекор кон пласманот во осминафиналето.

Позитивната енергија „топчиите“ ја презентираа уште при излегувањето на теренот, едно од децата кои излегоа заедно со фудбалерите, на момент се збуни и не знаеше каде да оди кога останатите деца го напуштија теренот.

Додека фудбалерите на Арсенал позираа пред фоторепортерите, детето збунето стоеше пред „топчиите“. Фудбалерите на Арсенал одлично реагираа и го повикаа да застане покрај нив по што доби фотографија која сигурно долго ќе му остане во спомен.

twitter/You Are My Arsenal

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот