Слетал првиот авион од Кабул во Британија

Авганистанските мигранти пристигнаа во Британија/ Фото: Screenshot BBC

Министерството за одбрана на Велика Британија соопштија дека првиот авион од Кабул со авганистански мигранти и британски државјани денеска слетал во Британија, пренесува Би-Би-Си.

Британците ветија дека ќе прифатат 20 илјади авганистански мигранти во наредните неколку години, вклучувајќи и 5 илјади до крајот на 2021-ва година. Веќе околу 2 илјади Авганистанци и британски државјани кои работеле во амбасадата во Кабул се пристигнати во Британија.

Министерот за одбрана на земјата, Бен Волас, потврди дека ни еден авион од Кабул нема да биде празен.

Тој додаде дека Британија ќе продолжи во своите напори со евакуирањето на населението, се додека САД ќе ја контролира состојбата на аеродромот во Кабул.

Во првиот авион кој денеска слетал имало околу 250 патници.

Видео на денот