Слета авион во Сараево со членови на ИД: Во групата има жени и 12 деца!

Напад на Исламска држава во главниот град на Уганда/ Фото: МИА

Авион со членови на ИД од БиХ слета вечерва на аеродромот во Сараево.

Тие беа депортирани во БиХ од Сирија и, според порталот „Дневни аваз”, меѓу нив има седум државјани на БиХ кои се со црвени потерници на Интерпол.

Групата, наводно, вклучува и шест жени и 12 деца.

Според локалните медиуми, меѓу депортираните се Јасмин Кесеровиќ и Емир Алишиќ, познати како радикални терористи кои повеќепати се појавувале на видеата за пропаганда на ИД. Тие ќе бидат упатени до Обвинителството на БиХ.

Околу 200 граѓани кои се бореа на фронтовите треба да се вратат во БиХ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот