Следува заладување: Утре облачно и нестабилно време со поројни дождови – Слободен печат
ВестиМакедонија

Следува заладување: Утре облачно и нестабилно време со поројни дождови

Доколку се јават интензивни врнежи, во градските населби каде не се одржува редовно атмосферската канализација и на места каде олуците од покривните површини директно се вклучени во фекалните канализации, поради малиот капацитет на канализационите цевки предвидени само за фекални води, можна е појава на зачепување на одредени шахти.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, утре не очекува заладување, односн ооблачно време проследено со поројни дождови и грмежи.

Се очекува и појава на брзо истекување од горните кон долните сливни подрачја и локални плавења покрај помалите водотеци и суводолици.

Доколку се јават интензивни врнежи, во градските населби каде не се одржува редовно атмосферската канализација и на места каде олуците од покривните површини директно се вклучени во фекалните канализации, поради малиот капацитет на канализационите цевки предвидени само за фекални води, можна е појава на зачепување на одредени шахти и појава на поплавување на незаштитените подрумски простории.

Кај подвозниците, каде нема соодветно одводнување или пак тоа не се одржува редовно, можна е појава на заезерување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close