Следно рочиште за ,,Монструм” закажано на 21 јануари

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Следното рочиште за случајот ,,Монструм” е закажено на 21 јануари. На денешното рочиште за овој случај беше доставен извештај на МВР за анализата на конфискуваните мобилни телефони.

Случајот ,,Монструм” го води судијата Огнен Ставрев, додека застапници на обвинението се обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

За петкратното убиство кај Смилковско Езеро во април 2012 година се обвинети Халил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се недостапни на органите за правда, како и Фејзи и Хаки Азири, Агим Исмаиловиќ и Сами Лута. Судењето за овој случај со одлука Врховен суд на РСМ во 2017 година е вратен на повторно одлучување

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот