Следниот турнир на Ѓоковиќ ќе биде „Ролан Гарос“!?

twitter/theusposts

Како што информираат српските медиуми, првиот светски рекет донесе важна одлука кога станува збор за новите настапи. Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена го победија коронавирусот и сега е направен план за продолжување на сезоната.

Според распоредот првиот турнир ќе биде во Вашингтон на 14 август, следуваат Мастерсот во Синсинати на 22 август, за кој е предвидено да се игра во Њујорк, потоа „УС Опен“ (31 август), турнирот во Кицбил (8 септември), мастерсите во Мадрид (13 септември) и Рим (20 септември) и „Ролан Гарос“ (27 септември).

Уште пред да биде позитивен на Ковид-19, Ѓоковиќ напомена дека најверојатно ќе ја пропушти американската турнеја, а сега се чини дека ова е повеќе од сигурно.

Судејќи според распоредот објавен на неговата веб-страница, сега е дефинитивно дека Ноле нема да игра до крајот на септември.

Имено, во календарот се наведува дека првиот следен турнир на кој ќе игра ќе биде „Ролан Гарос“. Предвидено е овој грен слем турнир да започне на 27 септември. Останува да се види дали оваа одлука е конечна и дали има простор за промени.

АТП воведе нов систем на рангирање

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот