Следниот пат кога ќе добиете тешка кашлица, обидете се да ја ублажите со сок од ананас

Кашлицата најчесто е предизвикана од инфекции на респираторниот систем, како што се бронхитис, пневмонија, грип или настинка. Исто така, може да биде резултат на земање лекови за регулирање на нивоата на крвниот притисок.

Следниот пат кога ќе добиете тешка кашлица, обидете се да ја ублажите со сок од ананас, чија ефикасност ја докажаа бројни истражувања.

Уште во 2010 година, научниците откриле дека природен сируп за кашлица, чија главна состојка е сокот од ананас, ја ублажува кашлицата. Подоцнежните истражувања покажаа дека ананасот навистина може да ги ублажи инфекциите на респираторниот систем и да го олесни искашлувањето. Најделотворно се покажало за ублажување на кашлицата предизвикана од алергии.

Ананасот е одличен извор на витамин Ц, кој е клучен за одржување на имунолошкиот систем. Исто така, содржи витамин А, магнезиум, манган и калиум. Сите овие соединенија го зајакнуваат имунитетот и му помагаат на организмот во борбата против инфекциите.

Рецепт за сируп од ананас

Состојки:
– 1 шолја сок од ананас
– 1/4 шолја сок од лимон
– 1 мала лажичка ѓумбир во прав
– 1 лажица мед
– прстофат сол
– прстофат кајен пиперка

Подготовка и консумирање:

Ставете ги сите состојки во блендер и добро измешајте. Експертите препорачуваат да земате две лажици сируп трипати на ден. Исто така, ако земате лекови, не заборавајте да се консултирате со лекар пред консумирањето на сирупот, бидејќи содржи и ѓумбир кој може да дојде во интеракција со некои лекови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот