Следниот месец во Албанија ќе пристигнат над 40.000 дози вакцини од „Фајзер”

Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Албанската министерка за здравство Огерта Манастирлиу најави дека според договорот со „Фајзер”, повеќе од 40 илјади дози од анти-ковид вакцината ќе пристигнат во Албанија во текот на следниот месец.

Таа додаде дека остатокот од вакцините од овој договор или околу 460 илјади дози ќе почнат да пристигнуваат на почетокот на јули, а планот за испорака треба да заврши во последното тромесечје од годинава.

Според министерката, следниот временски период ќе биде покриен со вакцини обезбедени од механизмот Ковакс и со преговори со други компании што ги води албанската влада.

– Добра вест. Со авансно плаќање од 3,9 милиони долари, Албанија е во првиот прозорец за обезбедување на анти – ковид вакцини преку механизмот Ковакс, напиша Манастирлиу на статус на Фејсбук.

Во меѓувреме во земјата продолжува трендот на раст на новозаразени со Ковид-19, кој во Албанија е присутен по новогодишните и божиќните празници. Вчера беа регистрирани нови 786 случаи, што е над 22 отсто од тестираните, починаа седум лица а оздравеа 489 лица.

Поради тоа и понатаму во сила е одлуката за полициски час кој треба е од 22:00 до 6:00, забраната за летови со Велика Британија и продолжување на онлајн настава на универзитетите и покрај доставената петиција на студентите со која бараат настава со физичко присуство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот