Следната недела бензинските сами ќе ги утврдуваат цените

Од вторник бензиските сами ќе можат да ги утврдуваат цените на горивата. Старата методологија на пресметка истекува денеска со завршувањето на купопродажниот договор со Окта.

Но новата регулатива по која во идина тие ќе треба да се пресемтуваат сеуште не е донесена затоа што измените во законот за енерегтика со кој таа треба да стапи на сила не се потпишани од претседателот на државата.

Од регулаторна велат иако во следните денови измените може да добијат потпис, додека да стапи на сила новата методологија се јавува простор од неколку дена кој од РКЕ се надеваат дека трговците нема да го искрористат и да ги зголемат цените на горивата.

Новата методологија е речиси целосно готова. Извесно е дека со новата регулатива во цената на горивата ќе се пресемтуваат повисоки трошоци за обезбедување поголеми количини нафтени деривати, а ќе почне да им се плаќа и на приватните компании за транспорт и складирање на резервите.

Но сеуште се преговара околу маржата. Трговците побараа од регулаторна таа наместо сегашните 3,2 да изнесува 6 денари. Од регулаторна уверуваат дека новата пресемтка нема да предизвика ценовен шок кај горивата.

Новина во слендиот период е и тоа што наместо на две недели регулаторна цената на горивата ќе ја утврдува на седум дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот