Следната година Том Круз ќе патува во вселената за да сними филм!

профимедиа

Том Круз е сѐ поблиску до својот амбициозен план. Според твитот на официјалниот профил на „Spase Shuttle Almanac“, актерот би требало да одлета во Меѓународната вселенска станица во октомври 2021 одина.

Профилот на Твитер го следи календарот со распоред на екипата која лета до ИСС, а новиот твит кажува дека Круз ќе лета на „SpaseX“ со режисерот Даг Лиман.

За летот „SpaseXDragon“, тие двајца се наведени како Турист 1 и Турист 2, покрај пилотот Мајкл Лопез – Алегриј. Лиман покрај името, има ознака „режисер“, што наведува на тоа дека веднаш ќе почнат да снимаат штом ќе пристигнат – пишува „People“.

Филмот би требало да бие акциона авантура, но не треба да претставува продолжение на „Невозможна мисија“. Лиман соработуваше со Круз во остварувањето „Edge of Tomorrow“ и „American Made“.

Планот на Круз за овој потфат е претставен на јавноста во мај оваа година, кога Илон Маск, директорот на „SpaseX“ ги потврди наводите. Тоа го поткрепи и НАСА администраторот, Џејмс Брајденстин.

профимедиа

НАСА е возбудена што ќе работи со Том Круз во Вселенската станица. Потребни ни се популарни медиуми за да ја инспирираме новата генерација на инженери и научници кои би имале амбиција НАСА да ја претворат во реалност – напиша Брајденстин на својот профил на Твитер.

– Тоа би требало да биде вистинска забава – одговори Илон Маск во коментар.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот