Следната година на СЗО ќе и биде потребен буџет од 31,3 милијарди долари

СЗО
СЗО / Фото: Архива на Слободен печат

Досега се собрани 3,4 милијарди американски долари, но недостигаат 27,9 милијарди американски долари, од кои 13,7 долари се итно потребни.

Коалицијата што се бори против коронавирусот, предводена од Светската здравствена организација, има потреба од 31,3 милијарди американски долари во текот на следната година за да развие и спроведе тестови, третман и вакцини, соопшти денеска организацијата.

СЗО соопшти дека досега се собрани 3,4 милијарди американски долари, но дека недостигаат 27,9 милијарди американски долари, од кои 13,7 долари се итно потребни.

„Иницијативата на СЗО има за цел да ја зголеми испораката на 500 милиони тестови и 245 милиони планови за третман на земјите со ниски и средни приходи до средината на 2021 година”, се наведува во соопштението.

СЗО исто така, како што се додава, има за цел до крајот на 2021 година зголемување на испораката на две милијарди дози вакцина, вклучително и една милијарда дози што треба да ги купат земјите со ниски и средни приходи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот