Следи исплата на К-15, проверувајте си ги вашите сметки!

Регресот за годишен одмор или попознат како К-15 е задолжителен ставка која компаниите мора да им ја исплатат на своите вработени и оваа година.

Регресот за 2019 година изнесува минимални 9.610 денари,

Според податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен, К-15 за оваа година ќе се движи од 9.610 денари до 14.090 денари. Услов кој треба да се исполни за регресот за годишен одмор е работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач, а право на регрес секој работник има еднаш во годината.

За работодавците кои нема да дадат К-15 следат големи казни, кои се движат и до 4.000 евра.

Истото важи и за оние работодавци кои ќе дадат К-15, а потоа ќе ги побараат парите од вработените назад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот