Следете во живо: Изградба на болници за заразени од корона вирусот

Во Вухан властите започнаа забрзано со изградба на две болници кои исклучиво ќе се справуваат со корона вирусот.

Во кинескиот град Вухан, кој е епицентарот на епидемијата, бројот на заболени се зголемува секој ден. Во последните 48 часа загинаа 24 лица.

Вухан, град со 11 милиони луѓе, се наоѓа во блокада со цел да се спречи ширење на корона вирусот.

Кинеските власти работат на спречување на епидемијата, како и на лекување на болните.

Во Вухан властите започнаа забрзано со изградба на две болници кои исклучиво ќе се справуваат со корона вирусот.

Дури и видео во живо е објавено на YouTube за да се следи изградбата. Работата започна во петок, 24 јануари, а предвидено е да заврши во четврток, според најавите.

Во исто време, кинеските власти објавија дека вирусот се пренесува од личност до личност дури и пред да се појават првите симптоми на болеста. По оваа објава, лекарите ширум светот се многу загрижени.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот