Следете го стилот на Брижит Макрон: Како да изгледате како вистинска французинка?

Фото: Профимедиа

Французинките се сметаат за олицетворение на она што претставува шик стил, а можеби и најдобриот претставник на тој стил што ja карактеризира „ла републик“ е токму првата дама на републиката – Брижит Макрон.

Модата која доаѓа од главниот град на стилот може да се опише како едноставна шик или шик без многу напор, но веќе сте забележале, зборот шик е секогаш неизбежен!

Фото: Профимедиа

Ако и вашиот гардеробер е полн парчиња со потпис на Луј Витон – како првата дама на Франција, со голема леснотија ќе постигнете шик впечаток.

Фото: Профимедиа

Како и да е, доколку немавте „инсајдерски“ информации како нас и не знаевте дека Брижит за своите комбинации избира парчиња исклучиво со потпис на Луј Витон, веројатно не би ни забележале дека има гардероба вредна илјадници евра, но она што дефинитивно би го забележале е дека првата дама Франција никогаш не изгледа премногу „накитено“, туку секогаш елегантно и модерно, без премногу напор.

Фото: Профимедиа

Најдобро од сè е што и вие ќе можете лесно да го постигнете овој изглед ако обрнете внимание на одредени стилски правила на кои Брижит секогаш се придржува, а кои се многу едноставни.

Фото: Профимедиа

Следете ги нејзините примери за постигнете секојдневен шик изглед како вистинска француска дама.

Фото: Профимедиа

Монохроматика и слоеви

Монохроматски изглед кој вклучува стилизирање на парче со ист тон е еден од најстарите трикови во кој било водич за стил. Овој моден потег вклучува формула врз основа на која нема шанси да се погреши кога, да речеме, некаде брзате или не сте сигурни што треба да носите. Изгледот е подигнат на повисоко ниво ако бојата на мантилот или палтото целосно се вклопи во остатокот од стајлингот.

Фото: Профимедиа

Една ефективна боја
Понекогаш само тоа е доволно. Секако, мора да водите сметка дека остатокот од стајлингот е поврзан со таа боја, но ако не сте сигурни како, ние ви даваме примери директно на првата дама на Франција – нејзината тајна е сината боја (во сите тонови).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот