Славниот режисер Мајкл Мур предупредува: Трамп е на пат да ја повтори победата од 2016 година
Режисерот на документарни филмови Мајкл Мур предупреди дека претседателот на САД Доналд Трамп е на пат да ја повтори победата од 2016 година.
Мур беше еден од ретките политички набљудувачи кој ја предвиде победата на Трамп над Хилари Клинтон пред 4 години, пренесува Гардијан.
„Дали сте подготвени за победа на Трамп? Дали сте ментално подготвени Трамп повторно да ве надмудри? Дали ви е утеха сигурноста дека Трамп не може да победи?“, објави Мур на Фејсбук доцна во петокот.
Инаку, пред 4 години тој ја предвиде победата на Доналд Трамп, иако анктетите и даваа предност на администрацијата на Клинтон и до 18 проценти. Тој врз основа на испитувањата на јавно мислење во Минесота и Мичиген сфати дека актуелниот претседател има предност во однос на ривалот Џо Бајден.
Michael Moore warns that Donald Trump is on course to repeat 2016 win https://t.co/Omvo06WQVE
— The Guardian (@guardian) August 29, 2020
„Бајден само што најави дека ќе посети повеќе држави, но не и Мичиген. Дали ви звучи познато?, истакна Мур, наведувајќи дека Хилари Клинтон ја повтори истата грешја избегнувајќи одредени држави, кои потоа му дадоа поддршка на Трамп.
Тогаш тој им се обрати на гласачите, кои ги предупреди „10 недели однапред“.
„Не им оставате на демократите да се ослободат од Трамп. Вие можете да се ослободите од Трамп. Следните 67 денови мора да се будиме секој ден и да се погрижиме секој од нас да пронајде по 100 луѓе кои ќе гласаат. Дејствувајте сега!“.
Изборот на републиканскиот кандидат Доналд Трамп ќе биде најголема грешка во историјата и обичните Американци ќе се чувствуваат добро, рече режисерот претставувајќи го својот нов филм „Мајкл Мур во Трампленд“ во 2016 година.
„Трамп им ги зборува на луѓето работите кои ги болат. Поради тоа секој прегазен, заборавен, безимен пијаница кој бил дел од таканаречената средна класа го сака Трамп“, објасни Мур, кој беше заговорник за Бил Сандерс.
Најновите предупредувања на Мур доаѓаат кога Трамп на предизборниот настан во Њу Хемпшир рече дека го поддржува изборот на првата женска претседателка во САД, но ја препорача својата ќерка пред кандидатката за потпреседател на Демократската партија Камала Харис.
„Сите зборуваат ‘ја сакаме Иванка“, им рече Трамп на своите поддржувачи. “Не ги обвинувам“.
Мајкл Мур е познат американски режисер и активист. Се прослави со филмовите „Жед за насилство“ од 2002 година и „Фаренхајт 9/11“ за терористичките напади во Њујорк на 11 септември 2001 година.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5мин
-
9мин
-
11мин
-
22мин
-
22мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5