Славниот Марадона денеска ќе навива против Ѓоковиќ

фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Диего Армандо Марадона со големо внимание го следи Мастерс турнирот во Рим, Италија. За денеска од 17.00 часот е закажано големото финале, борбата за титулата помеѓу Новак Ѓоковиќ (Србија) и Диего Шварцман (Аргентина).

Марадона отсекогаш бил голем љубител на тенисот, воодушевен е од игрите на неговиот имењак и сонародник Диего Шварцман, и ќе навива за него во завршната битка против Ѓоковиќ.

Шварцман во полуфиналето го елиминираше Денис Шаповалов во три сета, а еве како реагираше славниот аргентински фудбалер на Инстаграм:

– Честитки Диего! Мрежата за тебе е како во одбојката, но без оглед на тоа, ти си во финалето. За мене веќе си шампион – напиша Марадона.

Марадона некогаш говореше дека е голем фан на Ѓоковиќ и дека го обожава Србинот, но подоцна негов миленик стана Рожер Федерер. За Швајцарецот вели дека е „тениски господин“, дека е убедливо најдобар и дека другите за него не постојат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот