Славниот Хари Потер им ја продаде својата куќа на родителите: Скржавeц или малверзации со законот?

Profimedia
Profimedia

Ѕвездата на серијалот „Хари Потер“, славниот британски актер Даниел Редклиф (31), веќе 20 години се „бори“ со славата и милионските приходи, уште откако беше момче. Но, се чини дека парите никогаш не се доволни, па многу светски медиуми ги забавува веста дека актерот ја продал куќата вредна 2 милиони долари на сопствените родители.

Станува збор за луксузна недвижност во Мелбурн, која прво, уште во 2004 година, ја купила агенција за недвижности во сопственост на неговите родители, а актерот официјално станал сопственик во 2007 година, кога станал полнолетен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Daniel Radcliffe (@daniel9340)

Куќата има две спални соби, работна соба, две бањи, гаража за два автомобила, голема дневна соба со отворен план, балкон и одличен поглед, но Редклиф таму ретко престојувал и затоа одлучил да ја продаде.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Daniel Radcliffe (@daniel9340)

Како што пишуваат австралиските медиуми, тој добил три понуди, а потоа се одлучил за купувачите кои ги познава од претходно и на кои им верува – неговите родители. Тој им ја отстапил недвижноста за 2 милиони долари и стана предмет на разни шеги на интернет. И додека за некои тој е „скржав“, други, пак, сметаат дека зад оваа необична трансакција има потенцијално и малверзации со тамошниот закон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот