twitter.com/elespanolcom

Славниот „Ел Нињо“ стави точка на кариерата (ВИДЕО)

Легендарниот шпански напаѓач го имаше последниот меч во дресот на јапонскиот клуб Саган Тосу со висок пораз од 6:1 од Андрес Иниеста со својот Висел Кобе.

Долг период Иниеста и Торес беа ривали како играчи на Барселона и Атлетико, па тој натпреварувачки дух не ги напушти ниту во јапонската Џеј лига.

Истото важи за Давид Виља, Томас Вермален и Серхио Сампер, значи таа „мала Барса“ која сега ги брани биуте на Кобе.

Кариерата долга 17 години на Торес и официјално е завршена. Одиграни над 600 натпревари и постигнати над 220 голови.

Освен за „јорганџиите“, беше дел уште од Ливерпул каде што ги имаше најдобрите мечеви во кариерата, како и член на Челзи и Милан. Со шпанската репрезентација (110 мечеви, 38 погодоци) беше европски и светски шампион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот